Македонскиот streetwear бренд „Шизик на ризик“ отвори сопствена продавница

27 декември 2018

Македонскиот моден бренд „Шизик на ризик" (Sheezick na reezick) отвори сопствена продавница во центарот на Скопје. Креиран да поттикне храбри умови, брендот именуван по познатата скопска изрека, нуди автентични streetwear дизајни, маици, дуксери и блузони со креативен принт, брендирани торби, капи, шолји и постери.

Со своите дизајни „Шизик на ризик" реферира на симболи на Скопје, ретро графики и типографија, кои се инспирација за уникатна урбано-модна приказна. Ова се преточува и во новата колекција Home 10 која содржи неколку линии. Серијата маици Vintage се повикуваат на исписите на старите скопски занаетчиски работилници и дуќани како „Милер", „Работник" и „Шехеразада". Линијата на блузони Rogue SHZK е инспирирана од светски познатиот споменик „Македониум" блендирани со приказната за НАСА и нивниот слоган I Need My Space. Дуксерите Pioneer имаат црвена качулка и доаѓаат во три колор варијанти. Новa е и линијата на dropshirt блузони со кратки ракави, а збогатена е и детската линија на маици.

Дуксерите и блузоните се 100% македонски производ изработени во соработка со неколку македонски компании. Истите се збогатени со специјално за нив ткаени и везени амблеми.

Новитет е линијата на snapback капи и домашно изработени плетени капи од предиво со висок процент на волна.

Во продавницита на „Шизик на ризик" ќе најдете и маици од линијата „Скопје", шолји, платнени торби и постери со оригинaлни дизајни кои се уникатен промотивен подарок од градот.

Продавницата на „Шизик на ризик" се наоѓа на ул. Васил Главинов бр. 10, во близина на „Кастом паб" и Шпанска амбасада.

Објавено:
27 декември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
211 пати