Македонскиот топ модел Елена Реи во кампања на Барбери

1 февруари 2016

Помеѓу последните кампањи што ги изработи македонскиот топ модел со интернационална кариера, Елена Реи е и кампањата за Blue Label & Black Label Crestbridge Burberry SS16.

Токму за ова сесија беше избран еден од најубавите острови во Јапонија - Окинава. Веднаш потоа, Елена замина за Јужна Кореја каде работеше на друга кампања чии детали ќе ги дознаеме многу наскоро.

Во меѓувреме, од нејзината матична агенција Моделс ИН нѝ потврдија дека за нивниот голем кастинг што ќе се случи на 6 - ти Февруари (Сабота), Елена Реи ќе биде тука за да ги види новите потенцијални модели.

После тоа, Елена продолжува забрзано да работи како што впрочем и се одвиваат работите во нејзината кариера за која допрва ќе слушаме.

Објавено:
1 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.485 пати