Maker Faire - најголемото изложбено шоу во светот за прв пат во Скопје

17 април 2019

Ако сте креативец, тогаш овој текст несомнено ќе ве интересира.

Наскоро, во Скопје ќе се одржи првиот Maker Faire. Тоа е најголемото изложбено шоу во светот, а сега и ние стануваме дел од ова семејство.

„Maker Faire е место каде луѓето можат да го покажат она што го направиле и да го споделат она што го научиле. Делумно саем за наука, делумно панаѓур, а дел нешто комплетно ново за сите генерации, Maker Faire е собир на вљубеници во технологијата, креативци, изработувачи, учители, професори, иновативци, луѓе со хоби од оваа сфера, инжењери, научни клубови, автори, уметници, студенти и комерцијални изложувачи. Целта на Maker Faire е да овозможи забава, да информира, да поврзува луѓе и да го зголеми кругот на „Maker“ движењето“, ни објаснува Весна Илиевска, дел од тимот на „Skopje Mini Maker Faire“ и одговорна за Американските катчиња во Македонија.

 Саемот ќе се одржи на 31 мај  во ВИП арената на спортската сала „Борис Трајковски“ (источен паркинг), од 10 до 19 часот.

Учеството на Skopje Mini Maker Faire, за изложувачите, како и за посетителите, е бесплатно.

„За сите креативни души, луѓе што си прават работи, "чепкаат" по дома со електрика, електроника, механика, роботика, софтвер, осветлување, накит, храна, козметика, уметност и многу многу други работа, ова е шанса бесплатно да го промовирате сработеното и/ или бесплатно да го посетите настанот и да запознаете луѓе со слично хоби и страст“, дополнува Илиевска.

За сите заинтересирани да учествуваат и изложуваат, апликацијата е веќе отворена и трае до 30.04. и може да се пријават преку формуларот достапен на https://skopje.makerfaire.com/call-for-makers/.

За сите заинтересирани да го посетат настанот, потребно е да се регистрирате бесплатно на https://www.eventbrite.com/e/skopje-mini-maker-faire-tickets-60194493350 со што ќе добиете електронски билет со код кој ќе треба го покажете при влез на самиот настан.

 

 

 

Објавено:
17 април 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
280 пати