Манекенките здружени за помош на Филипините

21 ноември 2013

Откако минатата недела фотографот Џон Пол Петрус направи неверојатна фотосесија со светскиот модел Наоми Кемпбел се со цел да им помогнат на жртвите од тајфунот на Филипините, сега тој продолжува со нови светски манекенски имиња.

Овојпат, тој направи цела фотосесија со неколку светски модели како Андреј Пејиќ, Мариакарла Босконо, Тао Окамото, Феи Феи Сун, Роб Еванс и Таин Ји.

“Јас сум многу горд што Петрус ми понуди да бидам дел од оваа неверојатна, хуманитарна акција преку која ќе собереме пари за жртвите од Филипините“, изјави срспкиот модел Андреј Пејиќ.

Тој додаде дека сите модели се благодарни што се дел од овој проект. „Сите вложивме многу труд и љубов во работата што ја завршивме заедно и јас навистина сум воодушевен од целиот овој проект“, додаде Пејиќ во интервјуто за models.com.

Објавено:
21 ноември 2013
Категорија: 
Актуел