Манго девојката оваа есен ја обожува природата и сите прекрасни есенски нијанси што таа ги носи со себе.

Брендот го објави новиот едиторијал во кој можеме да најдеме потопли парчиња од било кога, волнени џемпери, шик фармерки, модерни капути, карирани кошули и што уште не.

Едиторијалот е снимен со прекрасната Саша Пивоварова, која одлично се вклопи во целата есенска атмосфера.

Природните, топли нијанси се секогаш добар избор и можат да се комбинираат со било која друга боја.

Дел од едиторијалот на Манго се и шармантни парчиња во бохо стил, војнички кошули и совршено скроени палта.

Речиси сите парчиња имаат едноставни и прави кроеви што ги прави уште по неодоливи.

Брендот ги нуди и карираните кошули како задолжително парче за оваа есен, комбинирани со ретро фармерки со висок струк и капути во супер нијанси.

Објавено:
27 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.394 пати