MANGO за прв пат на МЕТ Гала во Њујорк

8 мај 2019

За прв пат во историјата комерцијален шпански бренд е дел од најпознатиот моден настан во Њујорк – МЕТ Гала, преку специјалната креација за бренд амбасадорот Софиа Санчез де Бетак.

Арт директорката и моден консултант пристигна на настанот чија домаќинка е легендарната Ана Винтур, заедно со Лејди Гага и Хари Стајлс, како и Серена Вилијамс и креативниот директор на Гучи, Алесандро Микеле. 

Овогодинешната тема на настанот беше таканаречената „КЕМП“ мода, а креацијата на MANGO беше изработена токму во тој правец, да ја долови екстраваганцијата и специфичноста на овој правец во модата. Впечатливата естетика со бои инспирирани од мангото како овошје и дополнети со  комплексни материјали, волумен, детали кај модните додатоци и театралност. 

Финалната форма на дизајнот е направена како соработка на стилистот Мими Кутрел, Софиа Санчез де Бетак и  дизајн тимот на MANGO. 

“Oва е многу значаен момент за МANGO. Проектите од ваков тип служат како инспирација за нашите купувачи, ја прикажуваат поинаквата страна на нашиот бренд и презентираат нови искуства”, вели Жан Ривера, имиџ директорот на MANGO.  

Освен лимитираната едиција на моделот кој го носи де Бетак на црвениот килим, брендот лансира и капсулна колекција инспирирана од темата на МЕТ Гала. 

Софиа Санчез де Бетак соработува со брендот повеќе од две години. Родена во Аргентина, таа е претприемач, арт директор, моден консултант и дизајнер. Нејзината страст кон патувањето, нејзината убавина и стил, кој е еклектичен и уникатен ја прават вистинска модна икона.

Објавено:
8 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.072 пати