Маноло Бланик во нова модна авантура

20 март 2015

Manolo-Blahnik-courtesy-of-Dorchester-Collection

Дизајнерот на чевли Маноло Бланик веќе долго време е обожавател на чорапите со дезени и бои. Тие што се запознаени со овој факт, не се изненадени од неговиот нов деловен чекор - креирање на токму такви чорапи. Бланик ќе создаде посебна линија на три типа унисекс чорапи во различни бои, дезени и текстури, а во соработка со германскиот производите Фалке.

Како пренесува WWD, чорапите ќе бидат украсени и со уникатни детали:

-Чорапите ги поврзуваат стапалата со облеката што ја носите и можат да дадат силна порака. Имам многу чорапи во различни бои и материјали. Играњето со дезени и текстури е многу забавно. Исто така, сакам кога жените носат чорапи со високи потпетици - вели Бланик.

manolo-blahnik-main

Инаку, дизајнерските чорапи ќе чинат  25 фунти (односно 35 евра) и ќе се продаваат ексклузивно во Лондон, бидејќи таму е седиштето на Because magazine онлајн шопот, а преку becauselondon.com од 26-ти март ќе вршат интернационална достава.

Како изгледа специјалната линија на дизајнерски чорапи, ќе видиме наскоро.

Објавено:
20 март 2015
Категорија: 
Актуел