Маноло Бланик живее во музеј за чевли

15 август 2013

Сонот на Кери Бредшо се оствари. Веќе постои куќа со повеќе од 30 илјади чифта обувки направени и потпишани од Маноло Бланик. Често се прашуваме како изгледаат домовите на славните дизајнери и можеме само да претпоставуваме што се имаат внатре.

Познатиот дизајнер на чевли Маноло Бланик откри дека неговиот дом повеќе наликува на музеј за чевли отколку на вистинско место за живеење. Освен изгледот на домот, Маноло во интервјуто за Vanity Fair  кажува нешто повеќе и за неговите омилени работи како и за популарноста.

 

Тој вели дека е алергичен на сирење и вино, сака да стане костимограф во театар, мрази да гледа фотографии од себе и не може да ја поднесе популарноста што ја има.

Објавено:
15 август 2013
Категорија: 
Актуел