Marc by Marc Jacobs нема да постои повеќе?!

23 март 2015

marc-mj-logo

Во модниот свет веќе извесно време постојат гласини дека брендот Marc by Marc Jacobs нема веќе да постои, односно ќе се обедини со главниот бренд Marc Jacobs.

Кејти Хилер и Луела Бартли, дизајнерите на брендот Marc by Marc Jacobs, по сè изгледа ќе мораат да се адаптираат на промените. Иако облеката што тие ја креираат е младешка и поевтина за разлика од онаа под брендот Marc Jacobs, сега доколку се спојат, нивната понуда ќе вклучува и луксузни парчиња.

Она што исто така буди интерес, а не е познато е, дали Хилер и Бартлеј ќе останат во брендот доколку дојде до спојување, бидејќи од брендот сè уште нема никакво официјално соопштување.

Последната колекција на Marc by Marc Jacobs беше за есен-зима '15/'16, презенитрана на последната модна недела во Њујорк.

Marc-kolaz-1-650x357

Marc-kolaz-2-650x351

Објавено:
23 март 2015
Категорија: 
Актуел