Марс нападна: Бруно приреди неверојатен спектакл на полувремето на Супер Боул!

3 февруари 2014

Можеби не е рокер, но мора да признаеме дека тој имаше еден од најжестоките настапи на овогодинешниот Супер Боул. Неверојатниот Бруно Марс ја „стресе“ публиката на полувремето на омилениот спортски настан на Американците - Супер Боул.

Одличниот 28 – годишен пејач вечерта ја започна со енергичен настап на тапани со кој ја „полуде“ публиката.

Веднаш потоа на сцената му се придружија неговите „Hooligans“ кои само го дополнија неговиот и онака одличен настап. Тој изгледаше одлично во светкаво палто во златна боја од последната машка колекција на Ив Сен Лоран.

Полувремето го започна со огромниот хит „Locked out of heaven“ за потоа да продолжи во ритамот на неговите супер песни.

Целиот настап се вжешти кога на сцената му се придружија неверојатните Red Hot Chilli Peppers кои уште еднаш покажаа дека се еден од најдобрите бендови во светот. По нивниот супер настап, продолжи одличниот Бруно со песната „Just the way you are“ посветена на американските војници на мисија, по што следеше и спектакуларниот огномет со кој се заврши шоуто.

Само неколку дена пред настапот, пејачот на пресконференција изјави дека бил нервозен и по малку исплашен за тоа како ќе се заврши настапот, но и какво време го очекува. Но, се чини дека сето тоа било залудно.

Публиката неверојатно добро реагираше на целиот настап и беше воодушевена од одличниот пејач кој уште еднаш докажа дека пред него е блескава кариера.

Пејачот, кој инаку е пораснат во Хаваи, изјави дека следењето на неговите соништа воопшто не било лесно.

„Никогаш не дозволувајте никој да ве запре. Токму со тоа морав јас да се соочам кога се преселив во Калифорнија. Никој не знаеше од која националност сум, а тоа беше многу важно за музичката индустрија. Сите ме прашуваа тоа, никоја не сакаше без да знае од каде сум и каде припаѓам да ги пушта моите песни на радио или пак да ги продава моите плочи. Ти си премногу невообичаен“, ми велеа сите.

Но, очигледно е дека тоа не го запре одличниот Бруно да напредува во својата кариера и да стигне до престижниот настап на Супер Боул, нешто што го посакуваат и најголемите ѕвезди.

Во продолжение погледнете го одличното видео од енергичниот настап на неверојатниот Бруно Марс.

Објавено:
3 февруари 2014
Категорија: 
Актуел