Мартин Митковски дел од супер едиторијал за магазинот Huf

8 јуни 2016

Македонскиот модел Мартин Митковски неодамна беше дел од српскиот Fashion week што се одржа во Нови Сад.

Во рамки на тамошната модна недела беше презентирана и колекцијата на Срѓан Швељо кој работи под брендот Pop Art, а за истата беше снимен и едиторијал за модниот магазин Huf.

Токму Мартин, беше поканет да биде дел од едиторијалот направен во соработка со целиот тим на Fashion Week Србија.

Веќе две сезони по ред, Митковски ја продолжува соработката со целиот тим. Инаку Мартин е дел од модната агенција Моделс ИН, и како негова матична агенција вели дека ја има нивната подршка во градењето на неговата интернационална кариера.

Објавено:
8 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
116 пати