Машката модна недела во Њујорк почнува еден ден порано

21 јануари 2014

Наместо на 6-ти февуари, машката модна недела во Њујорк ќе започне на 5-ти. Станува збор за групно претставување на колекциите на шест дизајнерски имиња, поддржани од  марката на автомобили Кадилак. Имињата на дизајнерите што ќе се претстават се: Карлос Кампос, Давид Харт, Лукио Кастро, Ернест Александар и брендовите Baspoken и  Bosideng. Интересно е тоа што тројца од нив ќе ја имаат можноста на трите автомобили од типот ELR, што ќе бидат поставени на пистата, да го декорираат  екстериерот на возилата по сопствен вкус.

 

Учесниците велат дека се возбудени за можноста што им се овозможува и тоа дека токму преку ваквото претставување со помош на Кадилак, полесно ќе можат да се приближат кон машката клиентела.

 

Објавено:
21 јануари 2014
Категорија: 
Актуел