Мега шопинг дружба во Елена Лука: Лила во улога на моден консултант ги дотера дамите во уникатни фустани

13 јуни 2014

Модниот бренд Елена Лука уште еднаш ги израдува сите вљубеници во уникатниот дизајн. Имено, вчера  во продажниот салон на Елена Лука во скопскиот Сити Мол се организираше  одлична шопинг дружба заедно со шармантната водителка Лила М. Стојановска. Големиот број заинтересирани посетители дојдоа специјално за фустаните од колекцијата „Лила“ кои станаа препознатливи во популарниот квиз „Се или Нешто“. Лила како и секогаш расположена и со широка насмевка на лицето ги пречека  сите што го посетија салонот и им помогна да го изберат својот омилен фустан. Уште поголемо изненадување беше и попустот од 50% на широката понуда од ексклузивните фустани.

„Моја муза, Моја Инспирација“ е слоганот со кој започна приказната на Елена Лука за колекцијата „Лила“, а веќе трета сезона по ред, колку што и трае  емисијата, Лила успешно и во континуитет соработува со реномираниот македонски бренд  кој се грижи за нејзиниот уникатен стајлинг. Во врска за соработката со професионалци од модната област, Лила вели дека е незаменливо искуство што не би го споредила со ниедно друго

-Денешниот настан е логично се надоврзува на нашата долгогодишна соработка, со тоа што оваа сезона од емисијата се емитуваше секој ден, а ги носев исклучиво моделите на Елена Лука. Беа изработени околу 200 фустани и во секој еден се чувствував посебно. Идејата да бидат изложени на едно место е одлична, а сигурна сум дека многу девојки и жени ги посакуваат, што е доказ големата заинтересираност од денешните присутни. Искрено, многу често ми се случува да ме застанат на улица и да ме прашаат исклучиво за фустаните на Елена Лука што ги носам во емисијата, а не ретко се случува и да ми пишуваат на Фејсбук и тоа не само од Македонија туку и од Нов Зеланд, Австралија, и многу други земји. Тоа е доказот каково е влијанието на модната куќа Елена Лука и лично моето секако врз вкусот на  жените што не гледаат, вели Лила и додава дека чувството да се биде дизајнерска муза е привилегија што на секој би му годела.

- Тоа е комплимент за секоја дама. Уште подраго ми е чувството кога придонесувам во создавањето на некој фустан и во давање на некоја идеја. Драго ми е што Елена Пандева-Китрозоска ми дава одврзани раце за тоа доколку имам некоја идеја или желба за одреден дизајн, слободно да го врежам и својот печат. Тоа е навистина огромно задоволство, изјавува популарната водителка и завршува со тоа дека соработката со Елена Лука со сигурност продолжува и понатаму.

Дел од поголемиот број девојки и жени што вчера дојдоа во продажниот салон за Fashionel изјавија дека денот им бил испланиран за шопинг, мотивирани од специјалниот попуст во Елена Лука и дружбата со Лила.

-Изборот е навистина голем и тешко е да се одлучам кој од сите овие убави фустани би го избрала за себе. Дојдов специјално за денешната шопинг дружба со попуст, ми се допаѓаат смирените кроеви и веќе имам избрано неколку креации. Идејата е одлична, вели Александра Матоска.

- Ми треба фустан за на свадба и дојдов да го најдам вистинскиот за таа прилика. Во Елена Лука има избор за секоја жена и сигурна сум дека од огромниот избор ќе се одлучам за неколку, изјавува Сања Силјановска.

- За попустот видов на социјалните мрежи и си реков дека не смеам да го пропуштам. Имам маркирано неколку фустани што дум ги видела на емисијата и се надевам дека ќе ги пронајдам со помош на Лила, вели Цветанка Ристовска.

Инаку, сите уникатни креации од оваа колекција имаат нишка која ги поврзува, давајќи им посебна специфичност и препознатливост. Комплетната линија фустани изобилува со разни комбинации од форма, композиција, текстура и боја, кои само ја зголемуваат разнородноста на целосната завршна модна идеја, идеална за секое годишно време и секоја пригода.

Доколку вчера не успеавте да бидете дел од оригиналната шопинг дружба со екстра попуст, се’ уште имате време да ја посетите Елена Лука во Сити Мол и да го пронајдете фустанот од кој сигурно ќе се разликувате од останатите. Попустот се уште трае!

 

Објавено:
13 јуни 2014
Категорија: 
Актуел