Меган и Хари се повлекуваат од нивните позиции на високи членови во кралското семејство и се селат од Британија!

8 јануари 2020

По низата скандали кои периодов го тресеа британското кралско семејство, вечерва на својот официјален профил на Инстаграм, Меган Маркл и принцот Хари објавија уште една голема вест која значително ќе ја промени атмосферата во семејствотo и нивната релација со неговите членови.

Пред неполн час војводата и војвотката од Сасекс официјално ѝ се обратија на јавноста преку соопштение на нивниот Инстаграм профил во коe подвлекуваат дека отстапуваат од нивните формални позиции на високи членови на британското кралско семејство и планираат финансиска независност, додавајќи дека имаат во план и да се преселат во Северна Америка.

„По повеќемесечни размислувања и интерни дискусии, решивме да направиме транзиција оваа година, започнувајќи нова улога во оваа институција. Имаме намера да се повлечеме од нашите улоги на високи членови на кралското семејство и да работиме на тоа да станеме финансиски независни, истовремено и понатаму целосно поддржувајќи го Нејзиното Височество. Со вашето охрабрување, особено последните неколку години, се чувствуваме подготвени да го направиме ова прилагодување. Сега планираме да го балансираме нашето време помеѓу Велика Британија и Северна Америка, продолжувајќи да ја почитуваме нашата должност кон кралицата и Комонвелтот..." се вели во нивното соопштение што во целост може да го прочитате подолу, на нивниот официјален Инстаграм профил.

 
 
 
View this post on Instagram

“After many months of reflection and internal discussions, we have chosen to make a transition this year in starting to carve out a progressive new role within this institution. We intend to step back as ‘senior’ members of the Royal Family and work to become financially independent, while continuing to fully support Her Majesty The Queen. It is with your encouragement, particularly over the last few years, that we feel prepared to make this adjustment. We now plan to balance our time between the United Kingdom and North America, continuing to honour our duty to The Queen, the Commonwealth, and our patronages. This geographic balance will enable us to raise our son with an appreciation for the royal tradition into which he was born, while also providing our family with the space to focus on the next chapter, including the launch of our new charitable entity. We look forward to sharing the full details of this exciting next step in due course, as we continue to collaborate with Her Majesty The Queen, The Prince of Wales, The Duke of Cambridge and all relevant parties. Until then, please accept our deepest thanks for your continued support.” - The Duke and Duchess of Sussex For more information, please visit sussexroyal.com (link in bio) Image © PA

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) onJan 8, 2020 at 10:33am PST

Скандалите во кралското семејство се интензивираа уште со самото доаѓање на Меган Маркл како нивен нов член, а шпекулациите за разнишаните односи се засилија за време на празничниот период кога Меган и Хари заедно со нивниот син Арчи, божиќните празници ги поминаа надвор од протоколот на кралското семејство и беа на неколкунеделно патување во Канада.

За оваа одлука на брачниот пар веќе наголемо пишуваат сите светски медиуми.

Објавено:
8 јануари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.951 пати