Принцот Хари и Војвотката Меган се вратија во Сиднеј по неколкудневната посета на Тонга за да присуствуваат на финалето на игрите Invictus кои традиционално Хари ги организира секоја година.

Тие беа поздравени со овации од публиката кога пристигнаа во салата каде се одржуваше финалниот натпревар во кошарка помеѓу Америка и Холандија.

Војвотката како и секогаш, изгледаше прекрасно во темно црвена блузичка на австралискиот дизајнер Сканлан Теодор вредна околу 550 долари. Истата таа ја комбинираше со едноставни црни фармерки и црни потпетици.

Принцот пак, за финалето на игрите се одлучи за едноставни сиви панталони и црна кошула во кои изгледаше навистина згодно.

Во публиката можевме да го видиме и секогаш прекрасниот Дејвид Бекам во друштво на неговиот син Ромео со кого гласно ги бодреа нивните фаворити.

На крај на денот, кралската двојка ќе одржи и говор со што и официјално ќе се стави крај на годинешните Invictus игри кои принцот Хари ги организира секоја година за ранети ветерани, откако помина подолг период во Британската војска.

Претходно, двајцата беа дел од свечената гала вечера на австралијското географско друштво каде војвотката се појави во гламурозен фустан од Оскар де ла Рента во кој изгледаше магично.

Следно, кралската двојка ќе се упати кон Нов Зеланд каде и официјално ќе стават крај на нивната 16 дневна турнеја низ Австралија.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
27 октомври 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.474 пати