На првото заедничко појавување со кралицата Елизабета, Војвотката од Сасекс, Меган Маркл одбра крем фустан од познатиот бренд Живанши кој и прилегаше одлично.

За кралските должности во Чешир, кралицата одбра цветен фустан комбиниран со зелено палто и шапка во истата боја украсена со цветови.

Корисниците на Твитер веднаш забележаа дека зелената боја не е случајна, туку дека преку истата кралицата сака да се потсети на сите жртви од пожарот во Кулата Гринфел кој се случи пред една година и е прогласен за една од најголемите катастрофи во Велика Британија во ново време.

Како и досега, Војвотката од Сасекс изгледаше прекрасно, со внимателно одбрана креација на брендот Живанши во крем нијанса, дополнет со црн ремен на средината, црни високи потпетици и мини чанта во иста боја.

За време на заедничката посета на северот на Британија, двете дами ќе посетат неколку училишта, ќе присуствуваат на разни отварања, ќе се дружат со локалните граѓани и сè останато што досега го правела кралицата.

На фотографиите се забележува дека како за прво појавување со кралицата, Војвотката е сосема опуштена, иако во еден момент се збуни кога не беше сигурна кој треба прв да влезе во автомобилот што ги чекаше.

Инаку, тие пристигнаа во Ранкорн ова утро со кралскиот воз во кој кралицата преферира да се вози кога патува ноќе и на долги дестинации.

Во возот досега се имаат возено само кралицата, Принцот Чарлс, Принцот Филип и Камила, а никој од младите не патувал со него, така што ова е голема чест за Меган.

Објавено:
14 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.410 пати