Меган Маркл и Принцот Хари кажаа „ДА“!

19 мај 2018

„Изгледаш фантастично" – со овие зборови Принцот Хари ја пречека својата сопруга Меган Маркл пред олтарот во St George's Chapel во Замокот Виндзор.

Тие денеска пред околу 2000 гости и пред милионската публика ширум светот, го кажаа судбоносното „Да" официјализирајќи ја својата врска во брак. Првите коментари се дека двајцата изгледаат неодоливо заедно, а широките насмевки на нивните лица само ја потврдуваат нивната взаемна среќа.

На церемонијата присуствуваше целото кралско семејство. Принцот Чарлс ја испрати невестата до олтарот, а мајката на Меган можеше да се забележи на сите видеа и фотографии во позадина, емотивно доживувајќи го секој момент на овој свечен чин.

Според протоколот по завршува венчавањето, кралската двојка ја напушта капелата и потоа почнува процесот кога принцот Хари и Меган добиваат 25-минутно поздравување со мафтање од сите семејства низ Виндзор.

Откако младенците во декември ја објавија официјалната дата на свадбата, постојано се во фокусот на јавноста, а медиумите го следеа секој сегмент во организацијата на церемонијата. По завршувањето на церемонијата, очекувано уште долго ќе се зборува за свадбата на годината.

Фото извор: Daily mail

 

 

 

Објавено:
19 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.456 пати