Меган Маркл носи венчаница на Живанши!

19 мај 2018

По многуте претпоставки и пресметки за тоа чиј потпис ќе стои на венчаницата на новата кралска невеста Меган Маркл, што беше под прашалник до последен момент – конечно љубопитноста на светската јавност е задоволена. Привилегијата ја имаше дизајнерката Клер Вејт Келер, за луксузниот моден бренд Живанши, како што веќе пренесоа повеќе светски медиуми меѓу кои и Harper's Bazaar и NY Times.

Погледите на милионската публика ширум светот сега се токму на божествената Меган Маркл која изгледа беспрекорно во венчаницата на Живанши.

Фантастичниот венчален фустан носи минималистичка естетика, рамената се суптило отворени, кројот во долниот дел добива ненаметлива А линија, а комплетниот изглед совршено е дефиниран со долг вел со тантелни детали и филигран дијадема која и припаѓала на Queen Mary.

Во моментот е во тек церемонијата на која Меган и Принцот Хари ќе го кажат судбоносното „Да".

Фото извор: Daily mail, Harper's Bazaar

Објавено:
19 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.196 пати