Александра Дојчиновиќ е дефинитивно една од најпознатите хрватски дизајнерки која неколку години стои зад нејзиниот успешен бренд Lei Lou.

Креациите што таа ги создава ги носат најпознатите хрватски ѕвезди меѓу кои и Северина, Даниела Мартиновиќ, Ива Балабан, претседателката Колинда Грабар, како и многу познати актерки.

Дека на оваа талентирана девојка ѝ претстои светски успех докажува и сѐ поголемиот број интернационални ѕвезди кои се појавуваат на различни настани во нејзини креации.

Американската актерка и пејачка Енди Ало

Последна во низата беше поранешната членка на популарната женска група Спајс Грлс, Мел Б која во шоуто America’s Got Talent се појави во прекрасен бел фустан од колекцијата на дизајнерката.

Пејачката фустанот го комбинираше со сребрен накит и високи потпетици и сосема едноставна шминка и фризура.

Дека нејзините креации се навистина за восхит, докажуваат и бројните насловни страници на познати магазини меѓу кои и онаа на турското издание на Космополитен, на која манекенката се појави во виолетови кожени панталони од ресортот на Lei Lou.

Актерката Џеки Ли Прајс изгледаше неверојатно добро во долг розов фустан на премиерата на актуелниот хит филм Wonder Woman, а прекрасна во едиторијалот за магазинот People беше и поранешната жена на единствениот Принц, Мајте Гарсија која одбра виолетова креација од дизајнерката.

Со овие дами кои ги обожаваат креациите на Lei Lou, повеќе од сигурно е дека Александра Дојчиновиќ веќе го живее светскиот успех.

 

Објавено:
14 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
341 пати