Melani Digit денеска во „Concept 37“ ја промовира својата колекција „Bios Code“

7 јули 2017

Денеска (7 јули) во скопското кафуле „Concept 31" со почеток во 20 часот, нашата мултимедијална уметничка Melani Digit ќе ја промовира својата нова дизајнерска колекција „Bios Code".

Колекцијата се состои од unisex и женски парчиња. Користена е црната и плавата боја за материјал како бои преземени од екран и bios кодови како принт.

Во рамките на изложбата која е со продажен карактер, ќе бидат поставени и фотографии едитирани од различни автори и концепти со парчиња од колекцијата.

Melani Digit е мултимедијален уметник моден дизајнер, dj, перформер и продуцент.

Изложбата ќе биде проследена со dj set од авторот.

Објавено:
7 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
221 пати