Меланија и Иванка Трамп вистински дами на инаугурацискиот бал

21 јануари 2017

Помина и денот кој што многумина со нетрпение го очекуваа, денот кога во Белата куќа ќе дојде новиот претседател Доналд Трамп и светот со жалење ќе го испрати досегашното прво семејство, семејството Обама.

Сите очи во петокот беа вперени кон Белата куќа каде се случи инаугурацијата на новиот претседател, а потоа и свечениот инаугурациски бал и првиот танц на Доналд и Меланија Трамп кој помина и подобро од очекуваното.

Модниот свет со нетрпение го очекуваше појавувањето на новата прва дама на САД за да види конечно кој е дизајнерот на кој му припадна честа да го дизајнира фустанот што таа го носеше вчеравечер.

Сосема неочекувано, таа одбра млад и делумно непознат дизајнер кој порано работел за модната куќа Каролина Херера да го создаде нејзиниот неверојатно елегантен бел фустан со совршени додатоци кој и прилегаше подобро од што и да е.

Благодарение на нејзината одлична фигура, Меланија Трамп блесна во долг бел тесен фустан со шлиц и мало црвено ременче на половината, но она што остави особен впечаток беа откриените рамена и интересниот целосен карнер по должината на целиот фустан. Многумина ќе кажат дека со овој потег, Меланија ја продолжува традицијата на Мишел Обама која многупати одбираше млади и талентирани дизајнери за кои светот прв пат слушаше, но потоа нивната кариера се вивнуваше до ѕвездите.

Имено, зад нејзината креација стои прилично непознат дизајнер по име Херв Пјер кој досега има работено за голем број познати модни куќи меѓу кои и Каролина Херера, која неодамна изјави дека би и било драго ако има шанса да ја облекува новата прва дама.

Токму дизајнерката пак, создаде вистински магична и блескава кариера за првата ќерка, Иванка Трамп кој со изборот уште еднаш потврди дека навистина има исклучителен стил на кој се чини многумина допрва ќе се радуваат.

Каролина Херера беше изборот на Иванка за речиси сите свечености во текот на денот, а подеднакво прекрасни беа и другите две бели креации кои и прилегаа навистина одлично.

Вистинско доживување на секој инаугурациски бал е првиот танц на новиот претседател и првата дама, а сосема во негов стил, Доналд Трамп го изведе и тоа.

На сцената им се придружија и новиот потпретседател Мајк Пенс и неговата сопруга Карен која пак се одлучи за долга тоалета во темно сина боја соодветна за нејзината фигура.

Сосема на крајот на песната „My Way“ која Трамп ја одбра за соодветна за танцот, на сцената излегоа и нивните деца со партнерите кои го дополнија и онака блескавиот момент.

Како изгледаше првиот танц и атмосферата на инаугурацискиот бал, гледате во видеото во продолжение.

Објавено:
21 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
16.274 пати