Меланија Трамп на мета: Што е тоа, капут или многу скапа бањарка?

15 февруари 2019

Доналд и Меланија Трамп неодамна во Белата куќа им посакаа добредојде на колумбискиот претседател Иван Маркез и неговата сопруга Марија Хулијана Руиз Сандовал.

Изборот на Сандовал беше впечатлив - таа одбра црно-бел фустан кој го искомбинира со кратко впечатливо палто во пастелно-сина боја.

Сепак, тоа не беше доволно да ја засени Меланија Трамп. 

Првата дама на САД се појави во розов кариран капут од модната куќа „Фенди“, што изненади многумина, бидејќи ретко се појавува во такви интензивни бои. 

Капутот на ракавите има крзнени детали во нешто потемна нијанса од капутот, а изгледот е заокружен со беж салонки.

И додека едни се воодушевуваа на нејзината елеганција и женственост, други го искритикуваа модниот избор. Твитер заедницата „полуде“ со коментирате дека капутот, со принтот потсетува на „бањарка и тоа од многу скапа“, дека капутот е грд и уште погрди се крзнените детали.

Но, доказ за тоа дека Меланија сепак не реагира на критиките е и стајлингот што вчера го одбра за посета на  болни дечиња во здравствен институт во Мериленд. Таа се појави повторно во розов стајлинг, но овој пат во пастелна нијанса. Палтото е од Cedric Charlier и чини околу 1.600 евра.

 

фото извор: dailymail.co.uk; aol.com;

 

Објавено:
15 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.774 пати