Меланија Трамп нема никогаш да се појави на насловна на „Вог“

18 април 2019

... Вака се интерпретира ставот на Ана Винтур после неодамнешното интервју за „Си-Ен-Ен“. Покрај тоа како времињата од почетокот на нејзината кариера до сега, се смениле, Винтур се осврна на тоа дека време е да се одбере страна.

Таа јавно ја поддржа Хилари Клинтон во претседателската трка со Доналд Трамп. На прашањето што сака да каже со тоа што прави „упад“ на политиката во „Вог“, таа ќе каже:

„Сега не е момент да се биде неутрален... Верувам, а сметам дека и сите што работиме во „Конде Наст“ веруваме, дека мора да се заземеме за тоа во што веруваме и да заземеме страна“, вели познатата уредничка додавајќи дека политичките профили што биле поддржани од „Вог“ односно издавачаката куќа „Конде Наст“ се Демократи.

„Сметам дека е исклучително важно што профилираме жени во магазинот во кои веруваме... После поразот на Хилари Клинтон во 2016 година, сметаме дека жените треба да бидат на водечки позитиции и имаме намера да ги поддржуваме “, додава Винтур.

Во интервјуто се осврна и на соработката со првите дами.

„Во „Вог" имаме традиција да ги фотографираме првите дами кога првпат ќе дојдат во канцелариите во Белата куќ - неверојатни, прекрасни жени и беше чест да се фотографираат. Но, тие се секогаш посебно внимателни околу тоа што ќе носат и сликата што сакаат да ја остават за себе. Често тоа се палта, можеби бисери како накит, како госпоѓата Буш. Но, госпоѓата Обама, покажа смелост и беше навистина уживање за сите нас што сме во модната индустрија да соработуваме со неа. Таа беше инспирација за многу жени и очигледно, ќе бидам пристрасна, таа направи и чуда за модата. Ја сака модата“, објаснува Винтур.

За потсетување, Мишел Обама се најде на насловната на американскиот „Вог“ три пати. Меланија Трам од друга страна, откако Трамп дојде на власт - ниту еднаш!

После овој разговор каде Винтур отворено се изјасни за поддршка на Демократите и својата наклоност кон Обама и Клинтон, а со тоа бојкот на Трам, реагираа и од тимот на Меланија Трамп.

Стефани Гришам, ПР-от на Меланија Трамп упати јавно соопштение, како реација на изјавите на Винтур.

„Да се најде на насловна страна на „Вог“ не ја дефинира госпоѓата Трамп. Таа се најде таму многу пред да стане прва дама. Нејзината улога како прва дама на САД и сè што прави е многу поважно од некое површно фотографирање и насловна страна. Ова само покажува како се функционира во светот на модните магазини, а воедно покажува и колку несигурна и со ограничени погледи“, се вели во соопштението.

За потсетување, Меланија Трамп се појави на насловната страна на „Вог“ во февруари 2005 година, непосредно по венчавката со Доналд, а позираше во венчаница на Џон Галијано, креација која се смета за една од ремек делата на дизајнерот.

Ова е отворено признание дека политиката има влијание во сите сфери на јавниот живот, секаде во светот.

 

фото извор: Пинтерест

Објавено:
18 април 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.002 пати