Меланија во елегантна бело-тегет комбинација на посета кај кралицата Елизабета

3 јуни 2019

Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија денес пристигнаа во Лондон, во посета на кралицата Елизабета.

Меланија првин се појави во издание за кое многумина прокоментираа дека потсетува на стјуардеса. Барбери кошулата со панделка и темносиното здолниште и палто беа строг изглед, но и несекојдневен за неа, па токму затоа и се најде на критики.

Сепак, на приемот во Бакингемската палата се појави во беспрекорна комбинација која привлече уште повеќе внимание.

Белото здолниште и палто со строг крој со копчиња, со темносин ремен од модната куќа „Долче и Габана“ беа совршен избор за Меланија, која повторно издоминира.

Комбинацијата ја заокружи со темносини салонки и шапка со истата комбинација на бои како и остатокот од стајлингот.

Трампови ги пречекаа принцот Чарлс и Камила, која исто така се одлучи за белата боја.

Кралицата се одлучи за пастелно тиркизен капут и шапка во истата нијанса.

 

Објавено:
3 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
7.637 пати