Металик трендот најактуелен на црвениот килим од Греми

27 јануари 2014

Помина и вечерта која за славните музички ѕвезди е најзначајната од годината. Вчеравечер во Лос Анџелес се одржаа 56-те по ред Греми музички награди, каде од  преку 82 Греми карегории, беа избрани најдобрите достојни за признание. Ова се имињата на едни од позначајните номинации и награди: за најдобар поп албум е прогласен  „Unorthodox Jukebox“ на Бруно Марс, „Cut me some slack“  ја понесе наградата за најдобра рок песна во изведба на: Пол Мекартни,  Дејв Грол, Крист Новоселич и Пет Смаер

За најдобра рап соработка наградата ја добија Џеј Зи и Џастин Тимберлејк, додека најдобаро сингл издание на годината е „Get lucky“ на Дафт Панк и Фарел Вилијамс, најдобар млад артист, Рајан Левис, наградата за најдобар кантри албум отиде во рацете на Каси Масгрејвс за албумот „Same Trailer Different Park“, награда за албум на годината добија Дафт Панк за „Random Access Memories“, најдобар поп соло перформанс „Royals“ на Лорд, уште една награда отиде во рацете на Дафт Панк и Фарел Вилијамс за „Get lucky“  како најдобар дуо перформанс, а за песна на годината повторно уште една награда отиде  за  „Royals“.

Во однос на модата, драматичноста воопшто не изостана од црвениот килим каде „парадираа“ ултра познатите светски музичари, во исто толку популарните креации на светските модни дизајнери. Заклучокот е дека понежниот пол на црвениот килим го фаворизираше металик трендот, преку фустани што ја нагласуваат силуетата. Сијара, Рита Ора, Амбер Рос и Тејлор Свифт, беа само неколкуте што се одлучија да облечат впечатливо сјајни фустани.

24 годишната мулти номинирана пејачка Тејлор Свифт се одлучи за менталик нијанса на макси фустан од Гучи, надополнет со суптилни обетки и нежна шминка.

 

Пејачката Рита Ора носеше миди металик фустан од Ланвин, комбиниран со сјајни сандали, клач чанта и многу прстени на двете раце.

Меѓу еден од повпечатливите беше и фустанот на Сијара, која иако во блажена состојба го износи фустанот на Емилио Пучи на најдобар можен начин, преку минималистичка шминка и неуредно собрана коса, што дополнително го отстапија акцентот само на фустанот.

 

Ново печената мајка Амбер Рос ја истакна својата убавина преку сјаен макси фустан во златна нијанса од Наем Кан, свесна за маркантноста на фустанот таа се одлучила за минимална примена на накит и шминка.

Како и секогаш впечалтива, поп дивата Бијонсе заблеска во бел макси фустан од тантела на Мајкл Костело, кој го откриваше нејзиниот грб како и половина од нозете преку транспарентните делови.

За бел макси фустан се одлучи и пејачката Кети Пери, модел на Валентино со принт од ноти, креација што после претставувањето на писта, одлично се совпадна на Греми.

Кралицата на поп музиката, Мадона, на црвениот килим се појави заедно со нејзиниот син, двајцата облечени во моќна црна класична комбинација на Ралф Лорен, надополнета со сјајни аксесоари на дланките, како и бастун кој ја потенцираше инспирацијата за машки изглед.

 

Со црвен макси фустан од Џоана Џонсон, се појави пејачката Пинк, која иако позната како бунтовничка во стилот, овој пат блесна во софистицирана женствена варијанта.

Веднаш по случувањето на Греми, не изостанаа инстант коментарите на светските модни критичари и медиумите. Па така, многумина не беа задоволни од изгледот на пејачката Алиша Кис, која носеше макси фустан со длабоко деколте во кралско сина нијанса, креација на Армани.

 

Дискутабилно е тоа што ваквиот фустан не го истакна најдоброто, туку спротивното од нејзиното тело, а тоа се покачените килограми што најмногу се забележуваа во пределот кај колковите. Шминката исто така не беше за пофалба, премногу темната нијанса на пудра направи таа да изгледа вештачки. Црно белиот фустан со розов принт од цветови во миди должина од  брендот Долче и Габана, го носеше Ариана Гранде, која на црвениот килим остави впечаток на нежна и романтична девојка која умее на оригинален начин да износи креација на Долче и Габана.

 

Споругата на пејачот Џон Леџенд, манекенката Кристи Тејген, важи за една од најдобро облечените на 56-те Греми награди. Таа во присуство на својот сопруг, чекореше на црвениот килим во сјаен металик сребрено-златен  макси фустан од Џоана Џонсон. Исто толку впечатлив беше и Легеџенд со сигурна костум варијанта со вратоврска пеперутка.

 

Кели Озборн имаше добитна комбинација од црн фустан со детали кои ги нагласуваа рамената, пејачката изгледаше одлично, бидејќи црната макси тоалета ја издолжуваше и ја нагласуваше нејзината силуета.

 

Очигледно макси должината на фустани беше најомилена за славните дами, а за таква се одлучи и трендсетерката Парис Хилтон која дефинитивно беше за пофалба во необичниот впечатлив дизајн на „House of Milani“.

 

Ова е само почеток на анализирањата од најзначајниот музички насатан, за кој и понатаму ќе коментираме од повеќе аспекти. Во продолжение погледнете каква беше атмосферата и кој се беше присутен на Греми 2014 во Лос Анџелес.

Објавено:
27 јануари 2014
Категорија: 
Актуел