Во 1996 година во Грас, Франција е основана една од најпрестижните луксузни парфимериски куќи „Микалеф“. Денес има преку 900 парфимерии насекаде по светот, поточно во 54 земји во последниве 20 години, бројка која доволно кажува за каков бренд се работи, особено кога е во прашање истенчениот вкус на човекот а пропо парфемите.


Индивидуалната страст и талентот на Џефри Неџман, Жан Клод Астјер и префинетото чувство за мириси на Мартина Микалеф, заедно ќе ја создадат магијата спакувана во неверојатно убаво декорирани шишенца. Тие се рачно изработени, заводливо украсени и ве оставаат без здив. Методот на изработка е стариот добар начин како на времето кога најдобрите француски експерти за парфеми тоа умееле да го направат.

Дваесет години оваа луксузна парфимериска куќа целиот процес го минува рачно и доследно, украсувајќи ги шишенцата со кристали Сваровски кои придонесуваат за нивната чистина во линијата како и оправданиот луксуз кои го носат во себе. Потписот на Микалеф парфемите е во многу нешта уникатен, од првичната селекција на сите есенции, па сè до последниот кристал кој го ставаат на малите шишенца.

Оваа парфимериска куќа нуди посебна можност да персонализира парфем по ваша желба и да го изгравира вашето име. Највредните и најпрефинетите материјали се користени за секој парфем и тоа без синтетички материјали кои пак, се евтина варијанта на останатите парфеми.

*Спонзорирана објава 

ИТ козметикс 

Објавено:
19 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
182 пати