Мила Јовович совршена во новата кампања на „Балман“

3 август 2018

Есенската колекција на „Балман“ која веќе беше прикажана на писта, доби свое фото и видео издание. За новата кампања, Оливие Рустенг се одлучи да се врати кон магијата на 90-тите и инспирацијата да ја најде помеѓу другото и значењето на „Матрикс“.

Главно лице на кампањата е Мила Јовович, која беше едно од најпопуларните лица токму во ерата на 90-тите.

„Мислам дека не постои личност која е посоодветна за оваа кампања. А има многу причини зошто е тоа така. Мила е талентирана, таа беше мој херој уште во времето кога ги гледав сите нејзини филмови, додека растев. Таа е талентирана актерка, совршен репрезент на силна и самоуверена Балман жена на денешницата. Мила е прекрасна и го претставува гламурот на 90-тите, што ме фасцинира. како и „Балман“ и таа е безвременска и модерна', објаснува дизајнерот, а од фотографиите ќе се уверите дека е навистина така.

Мила изгледа совршено!

 

Објавено:
3 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
254 пати