Миранда Кер и нејзините неверојатни комбинации на париската модна недела

3 октомври 2013

Прекрасната Миранда Кер ги шармираше сите присутни на париската модна недела, менувајќи вкупно 14 комбинации во кои изгледаше неверојатно секси.

Секоја нејзина комбинација изгледаше подеднакво шик и модерно, а таа апсолутно знаеше како да ги носи.

На последниот ден на париската модна недела, прекрасната манекенка се појави во бронзени панталони со супер модерно бело палто и црни потпетици додека купуваше во Балман.

Иако нејзиното учество во ревијата на Луј Витон беше откажано поради нејзиното доцнење, таа сепак изгледаше како да не му дава големо значење на тоа, појавувајќи се супер среќна во секси кус фустан со принтови и црни чизми до колената.

Во галеријата погледнете неколку од многуте комбинации во кои Миранда се појави на модната писта и надвор од неа.

Објавено:
3 октомври 2013
Категорија: 
Актуел