Со бројните партнери, соработници и пријатели, хрватското издание на Buro 24/7 вчеравечер свечено го прослави третиот роденден.

Како големо изненадување на вечерта беше Мирослава Дума која претходно одржа и предавање на Факултетот за економија и менаџмент.

Мирослава Дума со уредничката на Buro 24/7 Мирела Фориќ Срна

Свечената прослава се одржа во хотелот Еспланаде во Загреб, каде гостите ги забавуваше Нина Бадриќ на само еден ден пред нејзиниот голем солистички концерт.

Интересно изненадување вечерта беа и шишенцата на водата Јана кои гостите ги добиваа со специјални пораки од самата Мирослава Дума.

Мирослава Дума, Александра Дојчиновиќ, Мирела Фориќ Срна

Како и секогаш, хрватските девојки покажаа дека навистина имаат посебен вкус со нивните внимателно одбрани комбинации што ги гледате погоре во галеријата.

Објавено:
25 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
398 пати