Мис Германија е 35-годишна самохрана мајка!

19 февруари 2020

35-годишната самохрана мајка Леони фон Хасе е Мис на Германија за 2020 година!

Со овој револуционерен потег, Германија ги промени стандардите во дефинирањето на женската убавина, со тоа што за прв пат во 93-годишната историја на изборот, за 10 години ја зголеми старосната граница на учесничките, што сега подразбира можност за учество на жени до 39 години.

„Жените веќе не се стремат кон конвенционален стандард на убавина. Мојата перцепција за „убава“ жена се силата, карактерот и автентичноста со кои зрачат", вели Фон Хасе.

Таа беше највозрасна кандидатка меѓу 16-те финалистики на изборот што годинава за прв пат во своето жири вклучи само жени.

Исто така новост во програмата на традицоналната манифестација е тоа што дозволи учество на мажени жени и мајки, а го „прескокна" делот во кој учесничките дефилираат во бикини.

Објавено:
19 февруари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
5.535 пати