Мишел Обама блесна во Маркеза на традиционалната вечера на дописниците од Белата куќа

5 мај 2014

Во саботата на трети мај во Белата Куќа се одржа годишната вечера на Здружението на дописници или уште позната како „nerd prom“. На 100-тата по ред манифестација присуствуваа голем број познати личности, но се чини дека, првата дама на Америка, Мишел Обама, која се појави во прекрасна креација на модната куќа Маркеза со својот неверојатно елегантен изглед успеа да ги засени сите присутни.

Гламурозната тоалета е од колекцијата за сезоната есен-зима 2013 на Маркеза и е изработена од свила и шифон. Во горниот дел е корсетирана со нагласена половина и попрскана со романтични сребрени цветни рачни везови. Особено впечатлива е адаптацијата на ракавите, кои што се изработени од тул и мошне оригинално го нагласуваат дискретното деколте на првата дама. За комплетирање на и онака луксузниот изглед, Мишел Обама се одлучи за брановидна фризура, „nude“ шминка, масивен прстен со син камен и блескави долги обетки.

Ова не е прва соработка на првата дама на Америка со брендот на Маркеза. Имено, минатата година во декември месец за приемот во Кенеди центарот, Обама одлучи да се појави во долга зелена тоалета на прерамки, повторно во истиот софистициран и луксузен изглед потпишан од неповторливата Маркеза.

Објавено:
5 мај 2014
Категорија: 
Актуел