Мишел Вилијамс и Алиша Викандер се ѕвездите на кампањата на Луј Витон

19 октомври 2015

Мишел Вилијамс веќе неколку сезони е заштитно лице на кампањите на одличните Луј Витон, чиј тим не може да се засити од нејзината прекрасна руса коса, чистата кожа и шармот со кој постојано плени.

Овој пат, ѝ се придружува и новата холивудска ѕвезда, Алиша Викандер која со нејзината ретка чиста убавина, дополнително го краси новото видео и фотосесија на брендот.

Краткиот филм е насловен како „Духот на патувањето“, а во истиот можеме да ги видиме двете актерки облечени во парчиња од брендот, како ги рекламираат новите торби и куфери по кои е позната модната куќа.

„Јас немам дестинација, јас имам судбина“, вели Мишел Вилијамс во почетната сцена од видеото, додека се вози во ретро автомобил низ пустините на Палм Спрингс.

Неколку сцени подоцна, таа се сретнува со ѕвездата на „Девојката од Данска“ и двете го продолжуваат патувањето низ раскошните пејсажи што овој пат совршено ги долови Патрик Демарчелиер.

Како и секогаш, брендот понуди совршени ретро куфери за долги и мистични патувања, но и шик чанти за жени со стил.

Погледнете ги фотографиите и одличното видео режирано од Гордон Штајнер.

Објавено:
19 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
617 пати