Миси Елиот во кампања на Марк Џејкобс

16 јуни 2016

Дизајнерот Марк Џејкобс е познат по тоа што за своите кампањи ги одбира најпознатите ѕвезди и сите со задоволство се дел од неговите модни приказни.

За актуелната пролет 2016 тој пред објективот ги донесе Бети Мидлер, Пет Кливленд, Бет Дито и други...

Но, за есенската кампања, чии подготовки се во тек, Марк Џејкобс има изненадување  - Миси Елиот!

-Индивидуалците што ќе бидат дел од оваа кампања и фотографии се репрезент и колективно олицетворение на љубов, чесност, интегритет, храброст, сила, љубопитност и инспирација. Заедно, како една приказна, оваа колекција има за цел да го предизвикаме „нормалното“ и да продолжиме да истражуваме и да ги поместуваме границите – вели дизајнерот на својот Инстаграм профил.

А Миси Елиот е првата позната личност која Џејкобс ја откри. За тоа зошто токму таа ќе биде дел од новата модна приказна за есен 2016 вели:

-Музиката на Миси ме одржа и мене и мојот дизајнерски тим среќни и полни со енергија во континуитет сите овие денови и ноќи, во изминативе недели, во текот на долгите часови кога цртавме, вршевме проби, стилизиравме и ги осмислувавме крајните комбинации. Чувствувам стравопочит кон способноста на Миси да ги поместува границите на стилот – и кога е музиката во прашање, но и визуелното доживување. Да работам со неа беше една од моите големи желби.

 

Објавено:
16 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
49 пати