Мистична и разиграна пролет на Баленсијага

17 јануари 2015

Новата ѕвезда во пролетната кампања на познатата модна куќа Баленсијага е прекрасната руска манекенка Саша Пивоварова. Русокосата заводничка позираше во топлиот ентериер, прелиен со пастелни бои кои совршено се вклопуваат со романтичните тонови и креации од новата линија на брендот. Строгите кроеви со деликатни везови оставаат впечаток на спокој и елеганција што фрла едно сосема поинакво и ново светло на оваа модна куќа, ако ги земеме во предвид новите претходни кампањи кои беа прилично мрачни.

Разиграно, но истовремено и мошне воздржано со интересна доза на мистика, така од прилика би можела да се опише новата рекламна кампања на брендот за претстојната сезона пролет – лето 2015. Пивоварова одлично и на еден суптилен и нежен начин ја долови новата жена на Баленсијага.

Објавено:
17 јануари 2015
Категорија: 
Актуел