Многу бои и егзотика во новата „Гучи“ кампања

30 март 2016

Модната куќа „Гучи“ ја лансираше рекламната кампања за пред-есенската колекција за 2016 година.

Микеле и овој пат остана доследен на ретро естетиката, што е секако логично продолжение на колекциите што ги презентира, но овој пат додаде и егзотика.

Со мноштво бои, фламингоси, шарени килими, огромни зелени растенија, дизајнерот успеа да ја реализира својата замисла.

Инаку, кампањата ќе се појави во интернационалните весници од 1-ви април, а во бројните модни магазини ќе биде вклучена во мајските изданија.

Објавено:
30 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
261 пати