Модел го доеше своето бебе додека чекореше на пистата

17 јули 2018

Моделот Мара Мартин денеска е вистинска сензација на социјалните мрежи откако вчера на ревијата на Sports Illustrated го доеше нејзиното бебе додека чекореше по пистата.

Таа беше една од 16 – те финалистки одбрани од магазинот да прикажат костими за капење на модната недела во Мајами.

Триесетгодишната Мара се појави во дводелен костим за капење во златна нијанса, а заедно со неа на пистата ја зема и петмесечната ќерка Арија која уживаше додека мајката ја хранеше.

Непосредно пред ревијата, таа објави фотографија со ќерката на Инстаграм под која напиша дека е благодарна што магазинот и овозможил да се појави на нивната ревија заедно со другите одбрани финалисти од кастингот.

Веднаш откако се појави на ревијата, нејзините следбеници почнаа да пишуваат позитивни коментари и целосно ја поддржаа нејзината решителност таа да се појави на пистата доејќи ја ќерката.

„Ова беше една од најубавите работи што ги имам видено во животот“, напиша еден корисник на Инстаграм под фотографијата.

Некои од корисниците немаа позитивно мислење, па коментираа дека целата работа околу доењето е малку претерана и дека не било потребно вакво нешто.

 

Какво е вашето мислење за доењето во јавност, особено на ваков настан?

Извор: New York Post

Објавено:
17 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.379 пати