Модел со деформитет за прв пат на насловна на V магазинот!

13 март 2017

Последниве неколку месеци во модниот свет се чини се случува вистинска револуција, откако на насловната страна на познатиот V магазин за прв пат во историјата се најде модел со деформитет.

Во последно време plus size моделите се чини се ултра популарни, а оние девојки кои некогаш сметале дека немаат шанси во модниот свет поради различниот изглед, денеска се меѓу најдобрите.

Една од нив е и Кејтлин Стикелс која доаѓа од Сиетл и која инаку е актерка, модел и пејачка. Кејтлин е родена со редок синдром познат како „мачкино око“, поради што нејзиното лице изгледа посебно.

Луѓето кои страдаат од овој синдром, покрај физичкиот изглед, имаат и проблеми со бубрезите и срцето, но оваа прекрасна девојка никогаш не се обесхрабрила.

Често можеме да ја видиме во разни едиторијали и реклами, но и многу уметнички проекти во кои секогаш сака да ја истакне нејзината различност.

Нејзиниот најголем успех досега е дефинитивно насловната страна на магазинот V, која досега ја краселе познати светски убавици.

„Во најмала рака, јас се сметам себеси за егзотична. Мора да ви се допаѓа нешто поразлично, за и јас да можам да ви се допаднам. Магазинот V отсекогаш важи за екстремен кога е во прашање убавината, а ова дефинитивно е остварување на мојот сон“, напиша манекенката под објавените фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.

Објавено:
13 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
402 пати