Моден викенд Скопје под слоганот #Stopthetraffik

5 октомври 2017

Моден викенд Скопје по шеснаестти пат ја најавува престојната сезона и го доближува Скопје до модните трендови и тенденции. Колекциите на дизајнерите на есенското издание ќе се прикажат во „Хотел Мериот Скопје" од 22 до 24 октомври, а затворањето на сезоната ќе се случи во „Иновативниот центар на Македонски Телеком" на 25 октомври.

Како секоја сезона така и оваа Моден Викенд Скопје ја испраќа својата порака кон јавноста со кампања која овој пат е #Stopthetraffik и #GlobalBlanket покрената од британската огранизација „STOP THE TRAFFIK". На Моден викенд Скопје во активностите ќе им се придружи и Националната Kомисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

„Оваа порака директно се рефлектира на сите нас како потрошувачи на облека кои треба да ја подигнеме свеста облеката која ја носиме да не е сработена од луѓе кои се експлатирани и злоупотребени во синџирот на трговија со луѓе. Или како што би рекла британската модна дизајнерка Вивиен Вествуд: Купувајте помалку, но одберете внимателно.", велат организаторите на Моден викенд Скопје.

Заштитно лице на шеснаесеттиот Моден викенд Скопје е Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум". Фотографијата ја потпишуваат „Ани и Дими". Графички дизајнер на визуелниот имиџ е Дејан Зафировски.

Објавено:
5 октомври 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
171 пати