Модерни и шик колекции на Модната недела во Белград

28 октомври 2013

Капут од колекцијата на Ирена Граховач Капут од колекцијата на Ирена Граховач

Во петок во преполната сала на Bel expo centar, во Белград отворено е 34-то по ред издание на Моден Викенд Белград со ревија на веќе глобално познатата модна куќа Ивко со женска колекција од високо квалитетни плетени дизајнирани модели. Вечерта продолжи со ревија на брендот UGG Australia, кој претстави модели инспирирани од улиците на Њу Орлеанс. Според нив, тренд за оваа сезона е леопардовиот принт, светките и милитари дезенот.

Моден бренд UGG Моден бренд UGG

Се попопуларната млада дизајнерка Милица Опачиќ ја промовираше својата колекција Chick & leather инспирирана од триесетите години на минатиот век. Во еден несекојдневен спој, нејзините модели се комбинација од кашмир, свила и колоритна кожа.

Својата најнова колекција инспирирана од можеби најактуелната тема периодов: поп-рок иконите,  ја претстави и дизајнерката Ирена Граховач. Таа на модната писта го пренесе гламурот од музичката сцена, а нејзини парчиња носеа и пејачките Леонтина Вукомановиќ и Гоца Тржан.

Креација од колекцијата на модниот бренд Ивко Креација од колекцијата на модниот бренд Ивко

Моден бренд Ивко Моден бренд Ивко

Моден бренд Ивко Моден бренд Ивко

Гоца Тржан во комбинација од Ирена Граховач Гоца Тржан во комбинација од Ирена Граховач

Леонтина во креација на Ирена Граховач Леонтина во креација на Ирена Граховач

Креација на Милица Опачиќ Креација на Милица Опачиќ

Милица Опачиќ Милица Опачиќ

Моден бренд UGG Моден бренд UGG

Моден бренд UGG Моден бренд UGG

 Автор: Бранка Гајиќ, дописник за fashionel од Белград

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
28 октомври 2013
Категорија: 
Актуел