Модната архива на Готје ставена на интернет продажба

5 ноември 2013

Раскошна колекција од 50 креации досега никогаш не носени, а дизајнирани од францускиот дизајнер ветеран, Жан Пол Готје за прв пат ќе бидат ставен на интернет продажба на модниот сајт Farfetch. Колекцијата што ќе биде ставена на интернет продажба вклучува парчиња што Готје ги изработил на почетокот на неговата кариера, вклучувајќи ја и првата машка колекција од 1994 година.

Интернет сајтот Farfetch.com е специјализиран за продажба на машка и женска облека на повеќе од 1000 модни брендови низ светот, а фокусот го ставаат на винтиџ облеката од доцните 70-ти и 90-ти.

Објавено:
5 ноември 2013
Категорија: 
Актуел