Модната блогерка Кјара Ферањи стана мајка

21 март 2018

Познатата модна блогерка, Кјара Ферањи и нејзиниот сопруг, раперот Федез, станаа родители.

Кјара се породи во понеделникот и на свет го донесе нивниот прв син Леоне, а како што пишуваат светските магазини, се поминало во најдобар ред.

Непосредно по породувањето, на нејзиниот профилн на Инстаграм беа објавени и првите фотографии од младото семејство.

Инаку, Ферањи е една од првите модни блогерки која успеа да стекне светска популарност. Сега важи за една од најдобро платените модни блогерки со преку 12 милиони следбеници на Инстаграм.

Објавено:
21 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
549 пати