Модната ќука Бела прослави 25 години постоење

7 октомври 2016

Модната куќа Бела заокружи четврт век од постоењето. Својот 25. јубилеј го одбележа со коктел забава од затворен тип, која завчеравечер го исполни Ивент центарот 21.

Прославата започна со танцов настап, по што следуваше кратка програма посветена на работата на брендот.

„Верувам дека модата е универзален јазик кој ни овозможува да го креираме и менуваме идентитетот, одбирајќи изглед кој ни дозволува да ги покажеме сопствените ставови и вредности. Oблеката на Бела говори за визијата која оваа модна куќа ја има за модерната и деловна македонска жена – женствена, самоуверена и софистицирана, а истовремено нежна и елегантна.", меѓу другото истакна Александра Пановска Илиевска која го водеше настанот.

Во рамките на програмата беа емитувани и две видеа кои присутните ги вратија низ времето и ги однесоа во сржта на работата на Бела.

Настанот беше заокружен со модна ревија на која беа претставени моделите од новата колекција есен-зима 2016-17. Доминираа нијансите на црвена, кралската виолетова, монохроматските комбинации на црно и бело, а дизајните беа во карактеристичен естетски фазон за оваа модна куќа: деловни комбинации од сакоа, панталони и здолништа, капути во строги кроеви, кошули со класичен крој, но и такви со ѕвонести ракави.

Објавено:
7 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
689 пати