Канадското издание на Elle за месец септември со разигран едиторијал во центар на вниманието ја става ексцентричната мода.

На 20 страници се распространети одличните фотографии за кои тимот интензивно се подготвувал три недели.

-Дефинитивно, ова е најкомплексниот едиторијал што досега сме го направиле. Сакавме да создадеме нешто магично, кул и релевантно – вели уредничката Јулијана Шиавинато.

Приказната со шесте модели во интересни, ексцентрични модни комбинации на моменти потсетуваат на „Алиса во земјата на чудата“, а зад едиторијалот се потпишува Овен Брус.

Објавено:
31 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
486 пати