Модни совети од Џорџо Армани

11 јули 2017

Славниот италијански дизајнер Џорџо Армани денеска го прославува својот 83-ти роденден.

За неговото значње во модата, како и за тоа како стана крал на црвениот килим досеа сте имале можност да прочитате низ нашите содржини.

Исто така, пишувавме и за некои помалку познати факти од неговиот живот, а денеска ќе ви пренесеме дел од модните совети од оваа модна легенда, што веруваме ќе ѝ бидат добредојдени на секоја жена.

 фото извор: wwd.com/COURTESY IMAGES

#1 Стилот е единствениот луксуз кој е пожелно да го поседувате.

-Мојата философија на работење секогаш се состоеше во тоа да им помогнам на мажите и жените да изгледаат подобро и со самодоверба.

 

#2 Џабе имате добра облека, маникир или педикир, ако не мирисате убаво.

-Парфемот претставува присуство на апстракција. За мене, тоа е мистика.  

 

#3 Бирајте неутрални ткаенини, без светли украси. Од модна перспектива, ќе ви користат многу повеќе од другите.

-Кога ќе ја допрам ткаенината, се случува магија, признавам. Се водам по чувството и така ги одбирам најдобрите со кои работам. Креацијата пак, ја создавам околу телото на моделот и тоа за мене е една од најсензуалните работи на светот.

 

#4 Црната и темносината визуелно „слабеат“ повеќе од која било друга боја.

-При користењето на овие нијанси, можете да си играте и експериментирате со формите и текстурите.

 

#5 Не трудете се премногу при изборот на облека.

-Тие што многу ја следат модата и се трудат често изгледаат како воопшто да не се потрудиле околу својот изглед.

 

#6 Евтините обувки се лоша инвестиција.

-Обувките се основа на вашата облека и вашиот стил. Во голема мера, тие ве претставуваат вас и вашата личност. Скапите обувки траат подолго, изгледаат модерно и елегантно.

 

#7 Елеганцијата никогаш нема да излезе од мода

-Елеганцијата е клучна за вечен стил. Со елеганцијата ниту вие ќе излезете од мода. За мене, стилот е поважен од минливите трендови.

 

#8 Сексапилот е прашање на самодоверба!

-Прашање е и на умот колку и на телото. Честопати луѓето со самодоверба ни изгледаат недостижно, дури и кога не се беспрекорно облечени. Но, во прашање е ставот.

 

#9 Сржта на елеганцијата не е да ве забележат, туку запаметат.

 

#10 Десетте парчиња што секоја жена треба да ги поседува во својот гардеробер се:

-Чанта од квалитетна кожа

-удобни и квалитетни обувки со тенки ременчиња

-елегантни салонки во неутрална нијанса (сива, беж)

-совршено одело, со рамен, машки крој

-дневен фустан кој ќе ја нагласи женственоста

-заводлив фустан

-црн фустан за вечерни пригоди

-ешарпа и волнен шал во некоја темна, луксузна нијанса на бордо, сива или карамел.

-ексцентричен, впечатлив ѓердан

-брош кој може на совршен начин да освежи повеќе ваши комбинации.

Објавено:
11 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.507 пати