Модните промени што ја одбележаа 2013 година

21 декември 2013

modni-promeni

Но кога ќе дојде до промена на позицијата креативен директор на модната куќа, прашањето кое многумина ги мачи е дали неговиот наследник ќе ја продолжи понатамошната успешна работа или тотално ќе ја промени политиката на куќата која ја застапува.

Марк Џејкобс – Луј Витон

Заминувањето на Џејкобс не беше големо изненадување, особено не по последното незаборавно шоу кое го приреди за колекцијата пролет/лето 2014 за Луј Витон, каде имаше направено мала ретроспектива од неговата работа за модната куќа. Сега на неговата позиција се наоѓа Никола Гескер, а Марк продолжи да работи самостојно на својот нов бренд – Marc by Marc Jacobs.

Џил Сандер – Џил Сандер

Џил Сандер во октомври по трет пат го напушти брендот откако се врати во 2012 година и го замени Раф Симонс. Последната година додека беше на позицијата креативен директор го создаде своето ремек дело за колекцијата пролет/лето 2014 година. Следната колекција ќе биде направена од креативниот тим на брендот.

Ен Демулеместер

По речиси 30 години успешна работа во сопствената модна куќа, Ен Демулеместер си замина од неа со пишана порака во писмо. Сега за сега не се знае правецот во кој ќе се развива модната куќа без подршката од легендарната дизајнерка.

Ема Хил – Мулбери

Дизајнерката го напушти Мулбери откако не успеа да постигне компромис околу креативните и оперативни работи за брендот. Воодушеви со последната колекција за Мулбери и сега  за сега сеуште не се знае кој ќе ја наследи нејзината позиција.

Никола Формичети - Thierry Mugler

Во април Никола го напушти модниот бренд со намера да се занимава со нешто друго кое ќе биде од глобално значење. Не помина долго откако замина од брендот и доби понуда за работа во Дизел која ја прифати, а нов креативен директор на Thierry Mugler е Дејвид Кома.

Објавено:
21 декември 2013
Категорија: 
Актуел