Моќни портрети на луѓе што на себе ја испишаа својата несигурност

21 јули 2014

Фотографот Стив Росенфилд е главниот „виновник“ за одличниот и освестувачки проект под името „What I Be“, што доживеа неверојатен успех за многу кратко време.

Имено, учесниците во овој проект ја отворија својата душа така што на делови од телото ги испишаа своите најголеми стравови и несигурности што ги стекнале во текот на годините како осуди од страна на општеството.

Овие прекрасни луѓе испраќаат навистина освестувачка порака за тоа дека мораме да престанеме да се осудуваме едни со други и на тој начин да почнеме да водиме посреќен живот.

Учесниците на кампањата покажаа неверојатна храброст со самото тоа што решија своите стравови да ги поделат со светот. Веруваме дека и вие дефинитивно ќе се пронајдете во овие фотографии, со оглед на тоа што сигурно барем еднаш во животот сте се почувствувале несигурно поради зголемување или намалување на тежината, поради зголемениот број на акни на лицето, некоја лузна што ја имате на вашето тело или слично.

Фотографиите ќе ви помогнат да ги изнесете сите ваши стравови и да бидете искрени кон себе, бидејќи решението на тоа дефинитивно се крие во љубовта кон самите себе, а потоа и кон другите околу вас!

Објавено:
21 јули 2014
Категорија: 
Актуел