Момче покажува колку е лесно да „лажеш“ на Инстаграм

2 април 2019

Дизајнерска облека, приватни авиони, гламурозни забави – сè ова можете да го имате со добра апликација за едитирање на фотографии.

Токму ова го направи младиот и креативен Бајрон Дентон, влогер од Лондон сè со цел да покаже колку е лесно да постирате лажна објава на Инстаграм.

Во неговиот социјален експеримент, тој објави голем број на едитирани и дополнително „украсени“ фотографии, а по некое време го објави и фидбекот што го добил од неговите следбеници.

Сосема очекувано, бројот на неговите следбеници вртоглаво пораснал како резултат на тоа што тој се прикажал себеси како ултра богато момче кое постојано оди на патувања, носи дизајнерска облека и патува со авиони.

„Инспирација ми беше јутуберот Џорџ Мејсон кој успеа да лажира дека е на одмор цела недела. Гледам дека многу луѓе лажираат разни постови на Инстаграм, па ми беше предизвик да отидам на едно повисоко ниво“, вели младиот влогер.

Тој додава и дека отсекогаш се прашувал дали причината поради која луѓето се опседнати со познатите е тоа што не можат да си го дозволат животот што тие го живеат.

Оваа фотографија на Бајрон на која се гледа како ужива во приватен авион (или дома на фотелја) за само неколку секунди имала 7.000 лајкови, па тој продолжил со исто темпо.

Иако на моменти едитирањето на фотографиите оди до неверојатна граница што е и повеќе од очигледно, луѓето сепак му верувале во приказните.

Тој вели дека многу од пријателите биле ултра љубопитни да дознаат како успеал да си дозволи да носи креации на некои од најпознатите брендови и да патува на далечни дестинации, па секојдневно добивал по илјадници пораки.

Ќе додаде и дека денеска многу од инфуенслерите почнуваат на овој начин да освојуваат симпатии на социјалните мрежи.

Неговиот експеримент не само што е интересен, туку и на неверојатен начин ја покажува реалноста што денеска се одвива на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, а која во најголемиот број приказни е лажно прикажана, за жал. 

Инфо и фото: Bored Panda

Објавено:
2 април 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.141 пати