„Must have“: колор блок фустан за летна свеченост

13 јули 2017

Летото го сакаме во боја. Обожуваме да ги комбинираме во колор-блок варијанти, сите свежи и интензивни бои што ни ги носи оваа сезона.

Токму со таква колоритна естетика е нашата стилска препорака за денеска: колор-блок фустан за вашата следна свечена пригода, дизајниран во нашата модна куќа Елена Лука.

Свежиот и впечатлив изглед е резултатот од интересниот спој на контрастни бои: интензивно жолта, виолетова и бела, како и линијата на кројот што ја следи женската силуета, со драматичен финиш во долниот дел, слоевито надополнет со тул.

Горниот дел пак е отворен, со нагласен V израз, што пак остава простор да додадете некој моден додаток со минималистички дизајн.

 

 

Објавено:
13 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
777 пати