Музата на Александар Меквин пронајдена мртва

19 јули 2018

Анабел Нилсон, позната британска аристократка, модел и муза на дизајнерот Александар Меквин, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Челзи на 12-ти јули.

Во полицискиот извештај сè уште нема наведено детали за причината за смртта, иако некои медиуми веќе пренесуваат дека 49-годишната Нилсон се самоубила.

Таа беше дел од елитните британски кругови, блиска пријателка со топ моделите Кејт Мос и Наоми Кембел, а можеби најпрепознатлива по нејзината блиска релација со дизајнерот Александар Меквин, како негова муза.

„Тој кај мене го сакаше тоа што ѝ давав душа на неговата облека", ќе изјави Нилсон во интервју за магазинот W во 2012 година.

Кога имала 16 години на семејно патување во Австралија, била киднапирана и брутално претепана. Тоа оставило длабоки трауми во нејзината психа и оттогаш станала зависничка од хероин, се до бракот со познатиот аристократ Нет Ротшилд, кога успеала и да се рехабилитира. Но, нивната брачна приказна не трела долго, па се разведуваат по само неколку години.

Во медиумите се пренесуваат информации дека Нилсон страдала од депресија и била зависничка од таблети за смирување поради неподносливите болки што ги чувствувала во грбот, откако пред десетина години паднала од коњ.

 

Објавено:
19 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.782 пати