Музички семејства - темата на септемврискиот „Харперс Базар“

3 август 2018

За септемврскиот број магазинот „Харперс Базар“ подготвува вистинска ексклузива. Новото издание е насловено како „Базар ајконс“ (Иконите на Базар), а овој пат тоа се големи музички ѕвезди со нивните деца.

Опфатени се различни жанрови, од поп, преку џез до рап, а имајќи ги предвид имињата, овој број дефинитвно ќе предизвика големо внимание.

Во продолжение ви ги презентираме кои се ѕвездите од септемвриското издание и по една нивна изјава. За сега тоа се и единствените достапни информации, за комплетните приказни ќе мора да го почекаме излегувањето на новиот број.

Инаку, за фотографиите и изгледот на ѕвездите и нивните деца се погрижија Карин Ројтфилд, фотографот Марио Соренти и креативниот директор на магазинот Денис Фридман.

 

Канје Вест со Норт и Сеинт 

„Се надевам дека моите деца никогаш нема да ја загубат нивната верба во општеството“

 

Брус Спрингстин со ќерката Џесика

Мојот надобар совет за ќерка ми е: „Задржи го фокусот на она што навистина ти е важно““

 

Кристина Агилера со децата Самер и Макс

„Уживам во тоа да бидам мајка-заштитник која ќе им обезбеди поддршка, сила и сигурно небо на моите деца и сите што ги сакам, знаејќи дека покрај сè друго, тоа е најважната работа која ја имам“.


Лајонел Ричи со ќерката Никол

Сакам моите деца да откријат кои се и да го откриваат и истражуваат она кон што чувствуваат страст, до максимум“.

 

Ерика Баду со ќерките Пума и Марс

„Сакам моите деца да ги користат нивните дарби за да им служат на другите, во смисла нивната дарба да служи за нешто поголемо, од тоа што се тие самите. И да прават што ќе им кажам“.

 

Теодора и Александра Ричардс (ќерките на Кит Ричардс)

„Ние сме патувачки бенд, „џипси“ група. Со сечиј луд живот, се создаваат неверојатни приказни околу каминот. Музика, танц и смеа го исполнуваат нашиот дом и успеваме во тоа да не сме никогаш премногу долго одвоени“.

Објавено:
3 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
224 пати
Извор: 
Harper's Bazaar